Ракомет

Чаневски за Спортска Мрежа: Одигравме одличен натпревар, можеше истиот да има и друг исход, продолжуваме да работиме за плеј-офот!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Спортска Мрежа од „Билјанини Извори“

Охрид вечерва одигра одличен натпревар вистинско дерби, двете навивачи групи „Рибари“ и „Чкембари“ направија неверојатна атмосфера, но сепак шампионот Еурофарм Пелистер со 25:27 ги однесе двата бодови во Битола.

По мечот голманот на Охрид, Градимир Чаневски, го анализираше мечот за Спортска Мрежа, кој вели дека натпреварот можел да има и друг исход.

„Одигравме добар натпревар, фалеа ситници што не ги испочитувавме, дел падна концентрација, можеше да има друг исход. Продолжуваме да работиме се надеваме дека во плеј-офот ќе биде со друго лице и со друг резултат ќе заврши натпреварот“, изјави голманот на Охрид, Градимир Чаневски за Спортска Мрежа.

Во следното коло Охрид ќе гостува кај екипата на Пролет во Скопје, во меч од 19. коло на Суперлигата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!