Шкендија го доби натпреварот со Вардар на националната арена „Тодор Проески“ во рамки на првото пролетно коло, откако славеше со 1:2 и со тоа изби на врвот од табелата како самостоен лидер со 40 бодови.
Тетовскиот тим прв дојде до предност од 0:1 преку голот на Бесарт Ибраими а потоа Вардар од пенал израмни на 1:1. Овој пенал беше повторен, откако првиот пат голманот на Шкендија, Амзаи го одбрани пеналот, во повторниот обид сигурен беше Закариќ за 1:1. Шкендија преку Фабрице дојде до конечните 1:2 и со тоа трите бодови заминаа во Тетово.
Гостивар во финишот од мечот со голот на Алпер Потук дојде до победа над актуелниот шампион Струга Трим Лум, со што сега го следи чекорот на лидерот Шкендија со два бода помалку.
Во Битола реми без голови на Пелистер и Брера Струмица за поделба на головите, како конечни исход таму беше (0:0), резултато што можеби до некаде им одговара и на двете екипи, кој ја држат таа бодовна разлика во однос на опасната зона.
Шкупи со 2:0 го совлада Работнички и му го нанесе вториот сезонски пораз преку погодоците на Аворнуо и Имери.
Воска Спорт забележа многу важна и голема победа против Беса со 2:0 и со тоа охридскиот прволигаш ја напушти опасната зона. Марко Жулј во 73. минута погоди за 1:0, а тоа предизвика огромна радост на трибините на „Билјанини Извори“. По пет минути игра Осеи Клинтон постигна гол за конечни 2:0.
Силекс на домашен терен се „сопна“ и ремизираше против Тиквеш играјќи 1:1. Кратовскиот тим преку Алиќ прв дојде до водство, а Тиквеш во 78. минута преку Садик израмни на конечни 1:1.