Втора лигаФудбал

Прилепска Победа се засили со Давид Јошески од Пелистер

Сподели
Сподели

Второлигашот Победа од Прилеп за продолжението од сезоната се засили со Давид Јошески, кој во Прилеп доаѓа од редовите на битолски Пелистер.

21-годишниот фудбалер од среден ред треба да биде освежување за Победа, која во новата сезона атакува на директен опстанок, со цел да не се повтори ланската сезона, кога некогашниот прволигаш во баражот го избори опстанокот совладувајќи го шампионот на Трета лига – Север, Куманово.

Јошески е повратник во редовите на Победа за која настапуваше од 2015 до 2022 година, кога прилепчанецот замина во струшки Караорман, од таму во Пелистер, а сега одново во Победа.

По три одиграни кола во Втората лига Победа има два порази и еден триумф и на своето конто има три бодови. На 25. септември Победа на домашен терен ќе игра со Арсими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!