Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Кочани промовираше три нови фудбалерки – тимот е главен фаворит за влез во Прва лига!

Сподели
Сподели

Лидерот во Втората женска фудбалска лига, Кочани, за пролетниот дел се засили со четири нови фудбалери, се работи за Џенита Кицара, Сара Јовевска и Ива Салтирова.

20-годишната Кицара во Кочани доаѓа од редовите на Вардар, тим кој е втор на табелата и со Билјанини Извори од Охрид ќе води борба за баражот за можен влез во Прва лига. Во својата кариера Кицара има настапувано и за Шкендија, Скопје и Борец од каде и ја започнува својата кариера.

Јовевска, која има 19 години пристигна од редовите на Борец, клубот од каде ја започна својата кариера, а сега го прави својот прв трансфер, со што во пролетниот дел ќе настапува за лидерот Кочани.

Салтирова во Кочани доаѓа од редовите на Каменица Саса, својата кариера 17-годишната фудбалерка ја започна во Тиверија Брера, а беше дел и од Цевитана од Прилеп.

Кочани е лидер на табелата со максимални 21 бод, со седум победи од седум натпревари во есенскиот дел, а тимот во пролетниот дел како прв фаворит ќе треба рутински да го потврди првото место и со тоа по неколку сезони да се врати во Првата женска фудаблска лига.

Кочани е предводен од Оливер Јовановски, а пролетната полусезона Кочани ја отвара на домашен терен против Билјанини Извори.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!