Ракомет

Димовски: Куманово е подготвен за мечот со Пролет, противникот е фаворит, но ние атакуваме на триумф!

Сподели
ФОТО: МРК Куманово
Сподели

Денес во рамки на 18. коло од ракометната Суперлига, Куманово на домашен терен ќе се соочи со фаворитот Пролет.

За Куманово ова ќе биде прв домашен натпревар во пролетниот дел, откако клубот во претходното коло во БИтола беше поразен од шампионот Еурофарм Пелистер.

Тренерот на Куманово, Љубиша Димковски, вели дека Пролет е квалитетна екипа и ја препушаат фаворитската улога на страната на противникот, но додава дека ќе атакуваат на триумф со цел да ја израдуваат домашната публика.

„Оваа екипа на МРК Куманово дефинитивно поседува квалитет и сум сигурен во тоа. Иако во Битола минатиот викенд бевме поразени , морам да кажам дека одигравме добар меч и сигурен сум во иднина ќе го покажеме тоа и на теренот.
РК Пролет е квалитетна екипа со која ќе се сретнеме на домашен терен и покрај тоа што ја оставаме фаворитската улога на нивна страна , ние како тим ќе направиме се да дојдеме до триумф и да ја израдуваме домашната публика и кумановската спортска јавност. Уште еднаш ги повикувам сите љубители на ракометот да дојдат во недела најпрво да го поздрават нашиот тим и новите играчи кои пристигнаа во зимскиот преоден рок, а потоа како и што досега навивале и не бодреле повторно да покажат дека се нашиот плус играч на мечот“, изјави шефот на стручниот штаб на МРК Куманово, Љубиша Димковски.

Куманово ќе разигрува во плеј-аутот, а исто го очекува и Пролет.

Натпреварот меѓу Куманово и Пролет се игра денес во Спортската сала „Перо Наков“ со почеток од 17 часот. Судиска двојќа ќе бидат нашите најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје, а пак делегат на мечот ќе биде Ацо Николовски, исто така од Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!