ФудбалФутсал

Балкан запиша огромна победа, лидерот Мал Ајакс го доби Кораб, реми во Студеничани!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Вчера беа одиграни три натпревари од 12. коло на Втората футсал лига, каде екипата на Балкан со 3:9 славеше против струшки Енхалон на гостински терен.

Овој меч беше клучен и важен за Балкан, три бодови со кои тимот с враќа на победничките патеки. За домашниот тим Дејан Груевски беше двоен стрелец, а еден гол постигна Тони Прќакоски. За гостинскиот тим четири гола постигна Џељал Мјаку, два гола Иса Зекири, а пое ден гол постигнаа Пајтим Реџепи и мухамед Мухамед Али Салихи, а пак Нико Пластиноски си постигна автогол.

Лидерот Мал Ајакс во Штип со 7:4 го совлада Кораби од Дебар, победа со која штипјани и тек како направија голем исчекор кон Првата лига. Седат Мамудов постигна четири гола, два постигна Иса Дурмишов, а пак еден гол даде Теодор Наков. За гостинот од Дебар двојни стрелци беа Октај Беќири и Енис Боличе.

Реми во Студеничани за 3:3 меѓу Каршиака и ланскиот прволигаш Овче Поле.

Гостинот од Свети Николе имаше предност од 1:2 откако погидија Ѓорѓи Султанов и Дамјан Благоевски за 0:2, а во 14. минута Шенол Идризовски постигна гол за 1:2 на полувреме.

Во вториот дел Енис Ибраими и Неџати Шабани постигнаа погодоци за 3:2 и пресврт, а во финишот Икица Јаванов беше прецизен за конечни 3:3.

Денес ССК СКопје дома игра со Кратово, Победа во Прилеп го чека Партизан Југ од Брвеница. Утре, битолски Конзули како домаќин ќе игра во Демир Хисар против ланскиот прволигаш Карадаку.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!