Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: Истатов го освоиш Ниш – триумф над Машинац на пријателски меѓународен натпревар!

Сподели
Сподели

Македонскиот прволигаш Истатов одигра нов пријателски меч во рамки на зимските подготовки за проверка на формата за пролетниот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига.

Истатовки денес триумфираа против екипата на Машинац, во пријателски меѓународен меч кој се одигра во Ниш, Србија, а кој Истатов го доби со 1:2.

Во првиот дел беа постигнати по еден погодок и на двете страни, за 1:1 на полувреме, а во вториот дел Истатов постигна уште еден погодок за 1:2.

Стрелци за Истатов беа Ана Нешковска и Кристина Петрушевска, со што се потврди дека враќањето на 24-годишната Петрушевска на фудбалските терени после операцијата на колото и паузата од 11 месеци е вистинско засилување за Истатов, таа се враќа во одлична форма и ги тресе мрежите на пријателски натпревари, што ќе биде силен адут за тимот на искусниот стратег Кирил Изов за пролетниот дел од сезоната, но најмногу и за Купот на Македонија, каде Истатов во рамки на четвртфиналето ќе се соочи со Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!