Кошарка

Аеродромци со нов трофеј – МЗТ го освои Купот на Македонија!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е новиот освојувач на Купот на Македонија, откако во финалето го совлада домашниот тим Кожув од Гевгелија со резултат 61:85. Аеродромци одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до трофејот, додавајќи уште еден успех во својата богата историја.

Финалниот меч донесе голема борба, но МЗТ покажа поголема смиреност и квалитет во клучните моменти. Најдобар играч на натпреварот беше Андреј Маслинко, кој со 17 поени го предводеше својот тим до победата, додека Крстевски постигна 16 а Војдан 12 поени.
Иако Кожув имаше поддршка од домашната публика, не успеа да го спречи шампионскиот карактер на МЗТ. Тимот од Аеродром во второто полувреме ја зголеми предноста и рутински го водеше натпреварот кон победа.

Со овој триумф, МЗТ Скопје ја потврди својата доминација на домашната сцена и покажа дека останува еден од најдобрите кошаркарски колективи во земјата.

Во домашниот тим најефикасен беше Стевановиќ со 20 поени, а по 12 имаа Вилсон и Пилепиќ.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!