Ракомет

ЕХФ Купот ги носи РК Алкалоид во Италија – Борба за нов триумф!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

РК Алкалоид ќе ги одмери силите со италијанскиот тим РК Бриксен во 1/8 финалето на европските натпреварувања.

Првиот натпревар од овој двомеч е закажан за 15 февруари (сабота), со почеток во 19:00 часот, и ќе се одигра на гостински терен, што ќе претставува сериозен предизвик за нашите ракометари.

Реванш натпреварот ќе се одржи седум дена подоцна, на домашен терен во Автокоманда, каде Алкалоид ќе има можност да ја искористи предноста на домашната публика и да се обиде да го обезбеди пласманот во следната фаза на натпреварувањето. Тимот на Кирил Лазаров ќе мора да биде на највисоко ниво во двата меча, за да ги помине италијанците и да продолжи со својата европска авантура.

Оваа сезона, РК Алкалоид беше домаќин во претходното коло, каде што со две победи го елиминира австрискиот тим Вест Виен. Во тој двомеч, Алкалоид покажа одлична игра, обезбедувајќи си место во следната фаза.

Пред тоа, тимот играше двомеч со литванскиот Драгунас Клаипеда, каде што ги одмери силите дома во Скопје и на гости во Литванија. Ова искуство на Алкалоид им дава самодоверба пред двомечот со РК Бриксен, бидејќи тимот има одлични подготовки и докажана способност да се носи со европските клубови.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!