Трета лигаФудбал

Третолигашот Тиверија од Струмица го прославува 102. роденден

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбалски третолигаш Тиверија од Струмица го прославува 102. роденден.

Струмичкиот клуб има одиграно преку 1700 официјални натпревари, постигнати преку 3600 голови, а низ клубови поминале многу струмичани како фудбалери, тренери, претседатели, спортски работници и навивачи.

Клубот е формиран во 1921 година, но сепак официјално клубот е регистриран две години подоцна односно во 1923 година под името спортски клуб Тиверија.

„Среќен роденден Тиверија наша. Иако Тиверија е „родена“ две години порано (пролетта 1921 година) сепак клубот официјално е регистран 1923 година под името Спортски Клуб Тиверија. Одиграни преку 1700 официјални натпревари, постигнати преку преку 3600 голови, клуб низ кој поминале илјадници Струмичани како фудбалери, тренери, претседатели, спортски работници и навивачи. ФК Тиверија клубот на работничката класа, клубот на струмичките занаетчии се уште живее и опстојува. Може да се купи се, но традицијата и историјата не. Струмичани викат кој разбрал, разбрал, за другите се навива Тиверија се сака“, се вели во клупското соопштение.

Тиверија моментално се натпреварува во Третата лига – Исток, а во минатото клубот беше дел и од Втората македонска фудбалска лига.

Во минатото Тиверија настапувала во Прва и Втора македонска фудбалска лига во поранешна СФРЈ. Името на клубот потекнува од старото име на градот Струмица кој во римскиот период се среќава под името Тивериопол.

Во месец ноември минатата година со одлука на Советот на општина Струмица, ФК Тиверија го доби теренот со вештачка трева „Филип Лазаревски“ во трајно користење, со што ФК Тиверија која опстајува 102 години, конечно доби свој дом.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!