Втора лигаФудбал

Прилепска Победа се засили со Филип Димоски и Јасин Казимоски

Сподели
Сподели

Прилепскиот второлигаш Победа за пролетната полусезона се засили со уште двајца играчи со кои ќе се обиди да ја зголеми конкуренцијата во своите редови и да ја оствари својата цел – опстанок во Втората македонска лига.

Нови имиња кои пристигнаа во Победа се Филип Димоски и Јасин Казимоски, кој ќе го носат дресот на поранешниот прволигаш во пролетниот дел од сезоната во Втората лига.

За Димоски е интересно тоа што тој беше промовиран во радовишки Детонит Плачковица, но тука остана кратко, беше дел од тимот само во зимските подготовки, а во „5 до 12“ од истекот на преодниот рок го напушти тим и се врати во Победа. Низ својата кариера 25 годишниот прилепчанец покрај за Победа каде е повратник има настапувано и за Охрид, Детонит Плачковица, Каменица Саса, Питу Гули, Вардар Неготино, Осогово и 11-ти октомври.

Казимоски доаѓа од редовите на охридскиот прволигаш Воска Спорт, 23-годишниот стружанец беше дел и од Новаци, Караорман, Велешта, Охрид, Велазерими, Тетекс, Ренова и Младост Царев Двор.

Победа ќе се обиде да состави тим во финишот од преодиот рок со цел да го избегне ланското сценарио кога Победа преку бараж се спаси, а сега да има директен опстанок. Пролетниот дел Победа го отвара дома против штипска Брегалница.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!