Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Шампион Струга Трим Лум се засили со големиот талент Веби Ислами

Сподели
Сподели

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум претстви ново засилување пред стартот на пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Стружани се засилија со големиот фудбалски талент Веби Ислами, се работи за 18-годишен фудбалер кој доаѓа од редовите на Шкендија од Тетово.

Ислами е најдобар стрелец во младинската Суперлига со 10 постигнати погодоци во есенскиот дел од актуелната сезона, а денес стави потпис со актуелниот шампион, со што Струга добива голем фудбалски талент во своите редови, а со тоа мисли и на иднината.

Ислами е голем фудбалски талент, а од видеото во продолжение можете да ги погледнете неговите евроголови.

  • ПОГОДОЦИТЕ НА ГОЛЕМИОТ ТАЛЕНТ ВЕБИ ИСЛАМИ:

Струга пролетниот дел го отвара против Гостивар, а целта на стружани е одбрана на титулата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!