Втора лигаФудбал

Каменица Саса како домаќин ќе игра во Турново против Кожуф

Сподели
ФОТО: Стадион „Кукуш“ во Турново | АРХИВА, февруари 2024
Сподели

Стадионот во Македонска Каменица е суспендиран на два натпревари, а тоа ќе значи дека второлигашот Каменица Саса два меча ќе мора да одигра на неутрален терен.

Во сабота во рамки на првото пролетно коло екипата на Каменица Саса како домаќин против Кожуф ќе игра на стадионот “Кукуш” во Турново.

Саса и мечот од 18. коло или трето пролетно коло против Брегалница ќе треба да го одигра на неутрален терен, останува одлуката на клубот од малото рударско гратче дали тоа би било одново во Турново.

Жителите на Македонска Каменица првиот пролетен меч на Саса ќе го проследат дури во рамки на Македонија ЃП во рамки на 20. коло кое ќе се игра на 8. март.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Атанасиј Трајанов е нов член на КК Работнички

КК Работнички Скопје го потврди ангажманот на младинскиот репрезентативец Атанасиј Трајанов, кој во новата сезона ќе го носи дресот на скопскиот клуб. 20-годишниот...

Прва лигаФудбал

Иван Николов се врати во својот матичен клуб- Брегалница!

И официјално, Иван Николов повторно е дел од својот матичен клуб Брегалница. 24-годишниот играч за врска се враќа во Штип по период во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Иван Николов се врати во својот матичен клуб- Брегалница!

И официјално, Иван Николов повторно е дел од својот матичен клуб Брегалница....

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!