Кошарка

Денес стартуваат натпреварите од завршницата од кошаркарскиот Куп на Македонија – „Благоја Георгиевски Буштур“

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија | АРХИВА
Сподели

Денес започнува завршницата од кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ во машка и женска конкуренција, а се игра во Спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, во техничката организација на кошаркаркиот клуб Кожув од Гевгелија.

Во машка конкуренција од завршниот турнир кој се игра во формат „Фајнал-ејт“ ќе учестуваат ТФТ, Гостивар, Пелистер, Чаир, МЗТ Скопје, Работнички, Куманово и домаќинот Кожуф.

Двојките за четвртфиналето се Куманово со Кожуф, ТФТ Скопје со Гостивар, Пелистер ќе игра против Чаир, големо дерби на лути ривали МЗТ Скопје и Работнички. Овие натпревари се играат денес, а пак полуфиналните натпревари се играат утре, а финалето закажано за сабота.

„Фајнал-форот“ го сочинуваат Крива Паланка, Вардар, Баскет Кам и Бадел, а во полуфиналето Крива Паланка налета на Вардар, Баскет Кам против Бадел. Натпреварите кај дамите од полуфиналето се играат утре, а пак во сабота е финалето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: КК Соколи 1993 од Штип се новиот Суперлигаш во македонската кошарка!

Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од...

Кошарка

КФМ: Осум екипи ги исполнуваат условите за Првата кошаркарска лига – жени

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека по усвојувањето на жалбите од Арбитражната...

Кошарка

Старделов останува помошник тренер на КК Кожув, но ќе има и нова задача

Живко Старделов и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб...

Кошарка

Атанасов: Целта е победа на секој натпревар и атак на секој трофеј

По првата недела од подготовките, тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов, даде...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!