Втора лигаФудбал

Арсими сака Прва лига: Промовирани искусни фудбалери, Шабани, Георгиев, Мемти, Зибери, Авдули

Сподели
Сподели

Второлигашот Арсими од Чегране склопи тим со кој дефинитивно ќе атакува на местата за Прва лига. Клубот промовираше пет екстра квалитетни засилувања со кои квалитетот ќе биде значително зголемен и едноставно во пролетниот дел од Арсими ќе се очекува атак на местата за Прва лига.

Тимот се засили со Шабан Мемети, Алтин Зибери, Албан Шабани, Џезаир Авдули и Бобан Георгиев.

19-годишниот Мемети доаѓа од редовите на Башкими, а беше дел од младинските погони на Работнички и Куманово Милано.

Зибери е млад и талентиран играч кој има 18 години и кој потекнува од академијата на Шкендија од Тетово.

Мемети треба да биде вистинско освежување во тимот на Арсими, кој игра во офанзивната линија, а има настапвано и за Башкими, како и Работнички.

20-годишниот Авдули ќе биде исто така големо освежување во пролетниот дел од сезоната, кои и во минатото имаше одлични настапи за Арсими.

Најголемото засилување меѓу овие играчи е штипјанецот Бобан Георгиев кој доаѓа од редовите на прволигашот Пелистер. 28-годишникот има настапувано и за Воска Спорт, Леотар Требиње во Босна и Херцеговина, Брегланица, Борац Бања Лука во БиХ, Радник Сурдулица во Србија, Силекс и Металург.

Арсими презимува на 4. место со 29 бодови, а во пролетниот дел сигурно ќе ги напаѓа местата за Прва лига. Пролетниот дел Арсими го отвара во Струмица против Беласица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!