Прва женска фудбалска лигаФудбал

Прволигашот Скопје преку Коларовска и Панева го совлада шампионот на Црна Гора, Брезница во Охрид

Сподели
Сподели

Прволигашот Скопје на пријателски натпревар кој се одигра на теренот со вештачка трева при СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид со 2:1 го совлада шампионот на Црна Гора, Брезница.

На овој меч стратегот Илија Мандаров имаше можност да ја провери формата на своите фудбалери за пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига. До триумфот тимот на Скопје дојде преку погодоци на Сара Коларовска и Мила Панева.

Одигран одличен натпревар против шампионот на Црна Гора, тест кој беше вистинска можност за проверка на формата, а фудбалерките на Скопје беа одични во текот на сите 90 минути.

Скопје презимува на четвртото место на табелата во Првата женска фудбалска лига, а пролетниот дел го отвара против Каменица Саса на домашен терен, но во рамки на 16. коло или второто пролетно коло, бидејќи во првото пролетно коло Скопје ќе биде слободен.

Екипата на Скопје е во четвртфиналето од Купот на Македонија, каде ќе се соочи против екипата на Истатов.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!