ИнтернационалциФудбал

Јована Павловска потпиша за Легија – капитенката се сели во Полска!

Сподели
Сподели

Репрезентативката на Македонија до 19 години, Јована Павловска го направи својот прв интернационален трансфер откако го засили тимот на Легија од Варшава, со што Павловска од струшки Ас Јунајтед се сели во Полска.

18-годишната битолчанка низ својата кариера покрај за Ас Јунајтед од Струга има настапувано и за Тиверија Брера, прилепска Цевитана, како и за Атлетико од Битола од каде и ја започна својата фудбалска кариера.

„Ова е мој прв интернационален трансфер, очекувам со новиот клуб да имаме многу успеси и да влеземе во Првата лига. Атмосферата е феноменална и многу добро ми оди со соиграчите“, изјави Павловска за Спортска Мрежа.

Павловска е член на репрезентацијата на Македонија до 19 години и важи за голем талент со голем потенцијал за голема кариера во иднина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!