Трета лигаФудбал

Третолигашот Брегалница од Делчево со нови четири засилувања – Рунчевски, Андонов, Нешовски и Стојчов

Сподели
Сподели

Екипата на Брегалница Делчево за пролетната полусезона во Трета лига – Исток ќе има нови четири играчи за вкупно пет, откако претходно како што информираше Спортска Мрежа беше промовиран Јован Дојчинов, кој дојде од второлигашот Осогово. Нови имиња во редовите на тимот од Делчево се Емил Рунчевски, Дени Андонов, Ненад Нешовски и Антонио Стојчов.

Со овие пет играчи екипата на Брегалница Делчево го комплетира ростерот за вториот дел од сезоната, со што се затвара трансфер пазарот во Делчево.

30-годишниот Рунчевски доаѓа од редовите на Овче Поле, претходно беше дел од Детонит Плачковица, Кежовица, Каменица Саса, Баби, а потекнува од Брегалница. Во пакет од Овче Поле од Свети Николе со Рунчевски доаѓа и Андонов, се работи за 29-годишен фудбалер кој има искуство настапувајќи за екипи како Детонит Плачковица, Плачковица, Кит Го од Пехчево, Работнички Џумајлија, Баби, а потекнува исто така од Брегалница од Штип.

25-годишниот Нешовски пристигна од Карбинци, а има настапувано и за Рудар од Пробиштип, Каменица Саса, Силекс и Плачковица. Стојчов, исто така има 25 години и доаѓа од Карбинци, а во минатото беше дел од Рудар, Слога Виница, Чешиново 2015 и Силекс.

Пролетниот дел Брегалница Делчево го отвара на домашен терен против екипата на Тиверија од Струмица, а тимот предводен од Даниел Гоцевски презимува на 4. место на табелата со 16 бодови. Пролетната полусезона ќе започне на 9. март.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!