Грозд прослави лото победа откако на домашен терен со убедливи 7:1 го доби Подгор во меч од 4. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица.
Тројца играчи беа двојни стрелци, Озџан Дуров, Наце Јованов и Васил Лазаров, а пак Бранко Васиелв постигна еден гол, додека пак за гостинскиот тим единствен стрелец беше Александар Андреев.
Готен од Подареш добива службени три бода од дуелот со Илинден од Добрејци кој беше регистриран службени 3:0.
Струмешница и Спартмани одиграа 2:2 и ги поделија бодовите. Домаќинот имаше два гола предност на полувреме преку Иван Спасов и Атанас Цветанов, а пак за гостинот Асан Исинов и Горан Мицев беа стрелци во вториот дел.
Напредок Радово забележа убедлива победа од 5:0 над Единство од Пиперово, гостинот беше инфериорен противник на теренот. Никола Стојанов беше двоен стрелец, а пак по еден гол постигнаа Никола Сирачев, Стојанчо Кармазичев и Дејан Манолев.
Интер Кукла преку четири гола на Васко Дрвошанов стигна до висок домашен триумф над Слога од Злеово со 6:0, а во високата победа учествуваа и Стојан Коцев и Васе Панов.
Василево ја доби голеадата со Банско во гости откако славеше со 3:5 во дуел каде за Банско сите три гола ги постигна Мартин Милошевски во второто полувреме, а пак за гостинот стрелаа Марјан Стојанов, Оливер Христов, Миле Митев и Драги Глигоров, додека пак Никифор Милчовски си постигна автогол.
По четири кола Василево има максимални 12 бодови и се наоѓа на врвот, а пак Готен и Грозд со по 10 бодови го делат второто место. На четвртото место е Интер Кукла со девет бодови, на петтото место е Напредок од Радово со седум бодови.