Трета лигаФудбал

Јован Дојчинов е прво зимско засилување за Брегалница од Делчево

Сподели
Сподели

Тоа што го најави Спортска Мрежа пред неколку денови во Една минута спортски вести се оствари, Јован Дојчинов и официјално е прво зимско засилување на Брегалница од Делчево.

21-годишниот фудбалер веќе е претставен во клубот, откако вчера и официјално беше регистриран на првиот ден од зимскиот преоден рок.

Новото засилување доаѓа од второлигашот Осогово, а претходно Дојчинов настапуваше и за Слога Виница и младинските категории на Брегалница од Штип.

Брегалница Делчево презимува на 4. место на табелата со 14 бодови, а клубот како и што претходно информиравме ќе гради тим и веќе следната сезона ќе се обиде да дојде до шампионското место, а со тоа и да го обезбеди баражот за Втора лига, а се надеваме дека тие баражи конечно ќе станат минута и шампионите во Трета лига ќе имаат директен влез во Втора лига.

Според нашите информации клубот преговара со уште две до три засилувања кои треба да пристигнат во следниот период.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Прва лигаФудбал

Деветтото коло на ПМФЛ во три дена: Тиквеш – Брегалница во 12 часот, Башкими и Струга го затвораат колото

Деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига се отвара во сабота во...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!