Трета лигаФудбал

Третолигашот Превалец има одлични подготовки со пет нови засилувања ќе атакува на баражот за Втора лига!

Сподели
Сподели

Екипата на Превалец има одлични подготовки за пролетниот дел од Трета лига – Југ, кои започнаа на 26. јануари, а клубот има одиграни и неколку пријателски натпревари преку кои ја проверува формата.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, екипата на Превалец со 6:2 го доби Горски, потоа Превалец беше подобар и од Младост со 5:2, па следуваше нов висок триумф за Превалец против Башкими со 4:1, Превалец го доби пријателскиот меч и со Форца со резултат од 4:2, а вчера со 3:2 Превалец славеше над Еуромилк ГЛ.

За пролетниот дел од сезоната екипата на Превалец се засили со пет играчи како што дознава Спортска Мрежа, а според нашите информации во финишот на преодниот рок ќе биде промовирано уште едно искусно име во тимот.

Клубот се засили со Стојанов Пеце, Ставревски Димче, Петров Павле и Јордановски Александар кои во пакет заедно доаѓаат од второлигашот Борец, како и со Петровски Бране кој доаѓа од екипата на Бабуна.

Во пролетната полусезона главната борба за првото место и со тоа обезбедување на баражот ќе се сведува воглавно на лидерот Големо Коњари и на екипата на Превалец. Екипата на Превалец пролетниот дел од сезоната го отвара на домашен терен против Бучин.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!