Трета лигаФудбал

Третолигашки пријателски меч: Превалец го совлада Еуромилк ГЛ – постигнати вкупно пет гола!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Денес на Градскиот стадион во Велес се одигра пријателски натпревар меѓу Превалец и Еуромилк ГЛ каде домашниот тим со 3:2 беше подобар на овој натпревар.

За Превалец стрелци беа Дејан Стефаноски, Ангел Гаштев и Пеце Стојанов, додека пак за Еуромилк ГЛ погодија Томче Павловски и Мики Митров.

Превалец во пролетниот дел во Трета лига – Југ ќе води борба за освојување на првото место, а со тоа и да го обезбеди баражот за можен влез во Втората лига. Екипата на Превалец под водство на Димче Маневски подготовките ги започна на 26. јануари, а во овој подготвителен период Превалец одигра и неколку пријателски натпревари.

„Одличен контролен натпревар. Висок интензитет и цврста игра од страна на двете екипи. Благодарност до гостите за фер и коректната игра. Судиската тројка коректно го водеше натпреварот“, изјави за Спортска Мрежа, тренерот на Превалец, Димче Маневски.

Превалец со 6:2 го доби Горски, потоа Превалец беше подобар и од Младост со 5:2, па следуваше нов висок триумф за Превалец против Башкими со 4:1, Превалец го доби пријателскиот меч и со Форца со резултат од 4:2.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари. Двете селекции ќе одиграат два пријателски натпревари, кои за кадетите ќе...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Младинците започнаа со подготовките за домашниот Мундијал – Илиевски повика 16 ракометари

Македонската младинска репрезентација ја искористува актуелната ЕХФ недела за продолжување на работата со генерацијата која во наредниот период ја очекува голем меѓународен предизвик....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!