Трета лигаФудбал

ФОТО: Вандализам на стадионот во Карбинци: Искршени прозорите на соблекувалните, искршени столчиња на трибините

Сподели
Сподели

Уште еден голем срам за општеството друго и нема што да се додаде, очигледно културата е на многу ниско ниво. Голем вандализам на стадионот во општина Карбинци каде настапувано истоимениот клуб во Трета лига – Исток.

Искршени прозорите од соблекувалните, искршени столчињата на трибината, уништена ограда.

ФОТО: Искршени столчињата на трибината на стадионот во општина Карбинци

ФК Карбинци е клуб кој е одлично организиран, кој после неколку години се реактивира и веќе неколку сезони се натпреварува и во Купот на Македонија, можеби резултатски Карбинци не може да се покаже во одлично светло, но и тек како се покажува како одличен домаќин и организатор на натпреварот против прволигаши како Воска Спорт од Охрид и кратовски Силекс.

ФОТО: Искршени столчињата на трибината на стадионот во општина Карбинци

За овој голем вандализам клубот реагираше со соопштение, но повеќе од јасно е дека ова е голем срам за нашето општество.

„Деновиве сите говориме за тоа како децата стануваат хулигани, криминалци, вандали и сите се согласуваме дека тоа не се случува така, одеднаш. Од најнаивните работи, од односот кон општественото добро, од домашното невоспитување, може да се стигне до несакани појави. И децата или личностите кои нашле за интересно да ги искршат прозорците на соблекувалните на стадионот на ОФК Карбинци, и тие кои ги кршат столчињата на трибините се нечии деца и тие кои ја уништуваат оградата за да им минува стоката таму кај што не треба и тие се пак нечии родители. Срамотно и тажно, рушење на се што е нормално и морално однесување“, се вели во соопштението на ФК Карбинци.

ФОТО: Искршени прозорите на соблекувалните на стадионот во општина Карбинци

Ова е жално и тажно, нешто што е направено како спортски терен, каде треба да се ужива во фудбалските натпревари, каде токму младите треба да тренираат, спортуваат и да се градат и во добри личности, бидејќи спортот ги гради спортистите во вистински личности со карактер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара во петок, а ќе се...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија, во пресрет на утрешниот реванш натпревар против германски Хофенхајм, во рамките...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!