ФудбалФутсал

Партизан Југ до триумф над ССК – одличен капитенот Бојоски, хет-трик за Радески, Овче Поле со превисока победа!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Екипата на Партизан Југ од Брвеница со 5:4 забележа тешка победа против ССК Скопје на домашен терен во меч каде голманот и капитен Денис Бојоски беше одличен на натпреварот и со одлични интервенции обезбеди триумф за неговиот тим.

Секако големи заслуги за овој триумф има и искусниот Даниел Радески, кој постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Даниел Јандриески и Дејан Јанкулоски.

За гостинот стрелци беа Бојан Димковски, Марко Ѓорѓиевски и Спасе Здравевски, а пак Новица Костадиноски си постигна автогол.

Екипата на Овче Поле вчера забележа убедлива победа од 8:2 над ССЕ Университи, во меч на тотална доминација на ланскиот прволигаш.

Двојни стрелци за домашниот тим беа Лука Наумов и Никола Стојковиќ, а по еден гол постигнаа Уван Наунов, Михајло Стојановски, Саше Арсов и Ѓорѓи Султанов, додека пак за тимот од Тетово двоен стрелец беше Агон Хашими во финишот од мечот.

Утре, Кораби ја пречекува Победа од Прилеп, Кратово ќе игра со Конзули од Битола, но во Пробиштип, додека пак ланскиот прволигаш Карадкау ќе бара прва радост дома против Енхалон, Балкан на домашен терен против Каршиака.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!