Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Тиверија Брера на бразилски погон ја „среди“ бугарска Спортика на пријателски меч во Струмица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Есенскиот шампион во Првата женска фудбалска лига, Тиверија Брера, денес во Струмица одигра пријателски меч против бугарскиот тим Спортика, кој е на второто место во бугарскиот шампион и се бори за титула. Пријателскиот меч во Струмица заврши со триумф за Тиверија Брера преку пресврт за конечни 5:1.

Бугарскиот тим прв дојде до водство во Струмица, а потоа струмичанки израмнија на 1:1 на полувреме. Во вториот дел Тиверија Брера со четири нови погодоци ги постави конечните 5:1.

Меч каде струмичкиот прволигаш доминираше на теренот, особено после тој погодок за 1:1 и во вториот дел Тиверија Брера со одлична „тика-така“ едноставно везеше на теренот, а мрежата на бугарскиот тим пет пати се тресеше.

Тиверија Брера до оваа победа дојде на бразилски погок откако Бразилката Тчеури Харуми Гоја постигна хет-трик и ги собра симпатиите на публиката, а по еден погодок постигнаа новото засилување интернационалката од Кенија, 33-годишната Кристин Нафула, како и Билјана Панеска.

Денешниот меѓународен натпревар беше деби во сениорска конкуренција за Леонтина Пржолева и Босилка Василева, кој со штотуку наполнети 15 години се здобија со права на настап во сениорска конкуренција и денес дебитираа против Спортика.

Тиверија Брера е лидер на табелата во Првата лига со 37 бодови или четири повеќе во однос на Каменица Саса која е втора и шест повеќе во однос на актуелниот шампион Љуботен од Тетово кој е трет.

Пролетниот дел екипата на Тиверија Брера го отвара против СЦ Истатов во скопско Пржино односно на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!