Трета лигаФудбал

Викендот стартува Трета лига – Југозапад: Караорман домаќин на Влазними, Велешта против Славеј

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Овој викенд ќе започне новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад со натпреварите од 1. коло.

Во рамки на првата рунда ланскиот шампион Кораби кој не го помина баражот за Втора лига на домашен терен ќе се соочи со Демир Хисар, Преспа во Ресен ќе го пречека тимот на Светлост, Сатеска во Волино ќе игра со новајлијата Света Троица 2021, ланскиот второлигаш Караорман ќе се соочи со Влазними во струшкото дерби, Евротип против Кравари, а првото коло носи дерби на новајлиите Велешта Унитед против Славеј од Мешеишта.

Сите натпревари се играа в недела, освен мечот во Ресен меѓу Преспа и Светлост кој се игра в сабота.

Во новата сезона учество ќе земаат вкупно 12 екипи, а како и во претходната сезона, така и во новата, шампионот во Трета лига игра бараж за влез во Втора лига, односно нема директен влез во Втора лига.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски го доби дербито меѓу Шкендија и Вардар, Бењамин Ќерими ќе им суди на Арсими и Брегалница

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од единаесеттото коло на Првата македонска фудбалска лига. Колото се отвара утре во...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По само осум одиграни кола од сезоната, дури седум второлигаши направија промени...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!