Трета лигаФудбал

Третолигашот Влазерими денес ги започнува подготовките за пролетниот дел – целта е нов бараж за Втора лига

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Екипата на Влазерими од Кичево денес ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона во Трета лига – Запад, тимот има една цел – да биде по третпат шампион во овој третолигашки регион и од трет обид преку баражот да дојде до пласман во Втората лига.

Влазерими губи два баражи во низа, пред две сезони од Башкими и лани од Борец и со тоа и натаму е во Трета лига – Запад, затоа и Спортска Мрежа неколку сезони го отвара оваа прашање дека баражите треба да станат минато, а шампионот како шампион треба да има директен влез во повисок ранг на натпреварување во овој случај од Трета во Втора лига.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, екипата на Влазерими се засили со девет нови играчи, односно Ресул Рамадани, Агон Хајредини, Христијан Крклински, Иве Трифуновски, Насаф Шабанов, Сами Аљиљи, Ариф Садики, Егзон Османи и Арбен Бајрами.

Екипата на Влазерими е на второто место на табелата во Трета лига – Запад со четири бодови негатива во однос на лидерот Тетекс, со тоа што „штофарите“ од Тетово кои лани испаднаа од Втора лига имаат меч повеќе во однос на Влазерими. Дополнително, првото пролетно коло го носи и директно дерби на овие две екипи, па првото пролетно коло може да се покаже и како клучно на патот кон обезбедување на баражот за Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!