ФудбалФутсал

Неизвесна пролет ќе има во Втората футсал лига во борбата за влез во Првата лига!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Втората футсал лига носи неизвесна пролет кога е во прашање борбата кои две екипи да обезбедат влез во Првата футсал лига на Македонија.

Неколку екипи ќе ја водат таа пролетна борба, а само две екипи ќе може да го обезбедат „билетот“ кои води кон футсал елитата на Македонија за сезона 2025/2026.

Пролетниот дел започна минатиот викенд кога беа одиграни натпревари од 10. коло, кое коло не направи промени на табелата во Втората футсал лига. Лидер останува и натаму Мал Ајакс од Штип кој на своето конто има 27 бодови, втор е Балкан со 21 бод, но екипата на Балкан има меч помалку во однос на штипјани. На третото место е тимот на Кораби од Дебар кој има 19 бодови, кој има меч повеќе во однос на Балкан, потоа на четвртото место е Овче Поле од Свети Николе со 18 бодови, исто така и овој тим има меч помалку во однос на Мал Ајакс и на Кораби.

Овие четири екипи ќе ја водат таа пролетна борба за првите две места, а од сента ќе напаѓа и тимот на Каршиака, а на таква борба сака приклучок да фати и Енхалон од Струга.

  • ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ФУТСАЛ ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ МАЛ АЈАКС 10 9 0 1 52 30 +22 27
2 ФК Балкан 2017/КМФ 9 7 0 2 67 49 +18 21
3 КМФ Кораби 10 6 1 3 71 49 +22 19
4 КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ 2013 9 6 0 3 54 28 +26 18
5 КМФ КАРШИАКА 1996 9 5 1 3 53 36 +17 16
6 КМФ ЕНХАЛОН 2020 9 5 0 4 40 39 +1 15
7 КМФ СЕЕ-УНИВЕРСИТИ 10 4 0 6 52 48 +4 12
8 ФК Партизан Југ Брвеница/КМФ 9 4 0 5 48 47 +1 12
9 КМФ КРАТОВО 9 4 0 5 52 53 -1 12
10 КМФ ССК 1965 Скопје 9 3 0 6 45 46 -1 9
11 КМФ КОНЗУЛИ Битола 9 3 0 6 34 41 -7 9
12 КМФ ПОБЕДА Прилеп 9 3 0 6 59 72 -13 9
13 КМФ КАРАДАКУ 9 0 0 9 27 116 -89 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!