Втора лигаФудбал

Тарик Демишоски одново во дресот на Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Лидерот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Македонија ЃП, за пролетниот дел од сезоната го ангажираше 18-годишниот Тарик Демишоски, кој меѓу „лавовите“ доаѓа од редовите на охридска Воска Спорт.

Демишовски е повратник во тимот од Ѓорче, откако тој беше меѓу „лавовите“ во период од септември 2022 година до јуни 2024 година, кога замина во Воска Спорт. Претходно, тој беше дел од Њу Старс, Јанг Тим од Струга и струшки Караорман.

Македонија ЃП е есенски шампион во Втората лига, најискусниот, најквалитетниот, но дефинитивно и најскапиот тим во второлигашкото друштво во пролетниот дел како главен фаворит ќе треба да го потврди првото место, а со тоа Македонија ЃП експресно да се врати во Првата лига.

Пролетната полусезона тимот на Бобан Грнчаров го отвара на „Билјанини Извори“ против Охрид, во рамки на 16. коло кое на програмата ќе биде на 15. февруари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!