Втора лигаФудбал

Голманот Трајче Ников од Вардарски премина во редовите на Кожуф

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Кожуф за пролетниот дел од сезоната се засили со искусниот 37-годишен голман Трајче Ников, кој во гевгелија доаѓа од редовите на Вардарски од Богданци, кој всушност е повратник во Кожуф.

Ников има големо искуство, кое ќе треба да го пренесе во тимот на Кожуф, кој во пролетниот дел ќе биде воден од Славчо Георгиевски – Тупан, а низ својата кариера Ников покрај за Кожуф и Вардарски, има настапувано и за Силекс, Шкендија, Работнички, Пелистер и Металург.

Ников во сезона 2010/2011 со екипата на Металург го освои и Купот на Македонија, откако во големото финале Металург со 0:2 славеше над Тетекс, во финале кое се играше на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а стрелци тогаш за големата победа над Металург во финалето од Купот на Македонија беа Костенцовски и Тенекеџиев.

Во пролетниот дел од сезоната Кожуф ќе настапи во изменет лик и со нов тренер, а вториот дел од сезоната го отвара против Каменица Саса на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!