Останато

Шампионот Струмица со триумф над Работнички, високи победи за Штип УГД и Весна Пробиштип

Сподели
ФОТО: Одбојкарски клуб "Штип Угд" - Штип
Сподели

Овој викенд започна пролетната полусезона од Првата одбојкарска лига во машка конкуренција, каде беа забележани неколку убедливи и доминантни победи.

Актуелниот шампион Струмица забележа победа од 3:0 во сетови против Работнички, но противникот пружи силен отпор и се обиде да парира. Првиот сет заврши со 26:24, вториот со 25:23, а пак во третиот сет струмичани беа подобри со 25:16.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД со 3:0 беше пресилен за Универзитет Тетово со тотална доминација во сите три сетови (25:19, 25:13, 25:10).

Екипата на Борец не виде мака на домашен терен против Шкендија за 3:0 во сетови (25:19, 25:13, 25:15).

Екипата на Сушево го изненади Скопје на гостински терен и го совлада со 0:3 во сетови. Гостинскиот тим беше одличен во првиот сет со 17:25. Во вториот сет Скопје се обиде да парира, но немаше сили и сетот го загуби со 23:25, а во третиот сет одбојкарите на Сушево беа подобри со 21:25.

Натпреварот меѓу Лирија и Јанта Волеј беше најнеизвесниот и највозбудливиот во првото пролетно коло кој заврши со 3:2 во сетови за екипат на Лирија или низ сетови тоа би било 17:25, 25:20, 25:15, 21:25, 15:9.

Екипата на Весна Џио забележа победа со 0:3 во сетови против екипата на Македонија Џио на гостински терен, за 19:25 во првиот сет, во вториот сет домаќинот се обиде да парира, но пак го загуби сетот со 24:26, а со ист резултат го загуби и третиот сет.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ОДБОЈКАРСКА ЛИГА ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:
Позиција Клуб Поб. Пор. Вкупно Бодови Доб. Изг.
1 Струмица 47&72 13 13 0 39 39 2
2 Штип УГД 13 12 1 36 37 3
3 ГОК Борец 13 11 2 32 33 11
4 Шкендија 13 9 4 25 28 16
5 Универзитет во Тетово 14 8 6 24 25 16
6 Работнички 71&22 13 7 6 23 26 17
7 Лирија 13 6 7 18 20 25
8 Вардар 1947 12 6 6 15 18 24
9 Сушево 13 3 10 11 17 32
10 Скопје 13 3 10 9 12 34
11 Македонија Џио 13 3 10 9 13 32
12 Весна Пробиштип 13 3 10 9 13 33
13 Јанта волеј 13 0 13 1 4 39

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!