Втора лигаФудбал

Голманот Трајче Ников од Вардарски премина во редовите на Кожуф

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Кожуф за пролетниот дел од сезоната се засили со искусниот 37-годишен голман Трајче Ников, кој во гевгелија доаѓа од редовите на Вардарски од Богданци, кој всушност е повратник во Кожуф.

Ников има големо искуство, кое ќе треба да го пренесе во тимот на Кожуф, кој во пролетниот дел ќе биде воден од Славчо Георгиевски – Тупан, а низ својата кариера Ников покрај за Кожуф и Вардарски, има настапувано и за Силекс, Шкендија, Работнички, Пелистер и Металург.

Ников во сезона 2010/2011 со екипата на Металург го освои и Купот на Македонија, откако во големото финале Металург со 0:2 славеше над Тетекс, во финале кое се играше на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а стрелци тогаш за големата победа над Металург во финалето од Купот на Македонија беа Костенцовски и Тенекеџиев.

Во пролетниот дел од сезоната Кожуф ќе настапи во изменет лик и со нов тренер, а вториот дел од сезоната го отвара против Каменица Саса на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. септември 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Кошаркарите на Охрид загубија од лидерот Ангели, високи победи за Водно Санс и Маџари

Овој викенд беа одиграни натпреварите од 13. коло на Втората кошаркарска лига на Македонија. На висока победа се радуваа кошаркарките на Водно Санс...

Кошарка

Гевгелија ќе биде домаќин на кошаркарскиот Куп на Македонија

Согласно со пропозициите за натпреварување на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2025 во машка и во женска конкуренција, Македонската кошаркарска федерација распиша конкурс за техничка организација на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тарик Демишоски одново во дресот на Македонија ЃП

Лидерот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Македонија ЃП, за пролетниот...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Новаци го совлада Охрид на „Билјанини Извори“ на пријателски натпревар

Денес на стадионот „Билјанини Извори“ се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Охрид...

Прва лигаФудбал

Висок пораз за Силекс во Анталија од екипата на Воитсберг

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Силекс, загуби убедливо...

Прва лигаФудбал

Тиквеш и официјално се засили со Александар Мишов и Берат Садик

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци за пролетниот дел од сезоната и официјално се...