МагазинСМ Поткаст

(ВИДЕО) Разговор со Кирил Изов за ЖФК СЦ Истатов: Подготовки, засилувања, целите и плановите, за квалитетот на женскиот фудбал

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во Спортска Мрежа Podcast свое гостување имаше Кирил Изов, поранешен селектор на женската репрезентација на Македонија, актуелен тренер на ЖФК СЦ Истатов.

Разговараме на повеќе теми поврзани со ЖФК СЦ Истатов, за подготовките, пријателските натпревари, засилувања, цели и планови, за квалитетот во женскиот фудбал, за публиката.

Разговараме и на тема финансии и колку буџет е потребен за еден прволигаш да биде во „златна средина“ на табелата во Првата женска фудбалска лига. Разговаравме и за Втората женска фудбалска лига, колку ефек има истата врз подигањето на целокупниот квалитет во женскиот фудбал во Македонија.

  • СПОРТСКА МРЕЖА PODCAST СО КИРИЛ ИЗОВ, ЗА ЖФК СЦ ИСТАТОВ:

Емисијата ја реализиравме во хотел „Истатов“ во Нов Дојран, каде е целокупниот спортски центар „Истатов“ кој нуди одлични услови за екипите кои тука доаѓаат за подигање на формата за зимски и летни подготовки, за одигрување на пријателски натпревари. Наскоро ќе реализираме емисија на Спортска Мрежа за СЦ „Истатов“ и хотелот каде ќе имате можност подетално да се информирате и за сите новите кои ќе ги понуди овој спортски комплекс во Дојран.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
МагазинФудбалФутсал

ВИДЕО: „Судиско продолжение“ – нова емисија на Спортска Мрежа посветена на македонскиот фудбал

Спортска Мрежа започнува со нова спортска емисија – „Судиско продолжение“, која ќе...

ИнтервјуМагазинРакомет

Ориол Реј Моралес: „Охрид секогаш ќе биде во моето срце!“

Шпанскиот дефанзивец- Ориол Реј Моралес ја заврши својата успешна епизода во ГРК...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!