Трета лигаФудбал

Тренерска промена во Виница: Емил Грнев е нов тренер на Слога Виница, Бошко Ступиќ помошник!

Сподели
Сподели

Третолигашот Слога Виница се одлучи за тренерска промена пред стартот на новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, во која некогашниот второлигаш важи за главен кандидат за освојување на првото место и баражот за Втора лига.

Нов шеф на стручниот штаб на Слога Виница е штипјанецот Емил Грнев, кој доаѓа на местото на Крсте Крстев. Помошник на Грнев ќе му биде Бошко Ступиќ.

Клубот му се заблагодари на Крстев за досегашната соработка, посакувајќи му успех во понатамошната тренерска кариера.

Слога Виница во новата сезона влегува со една цел, а тоа е обезбедување на баражот за пласман во Втората лига.

Стартот на новата сезона е закажан на 15. септември, а во рамки на првото воведно коло Слога Виница ќе гостува во Берово кај Малеш.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе „отпишаните“ Големо Коњари, Слога Виница и Победа, во листата влегува и...

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!