ФудбалФутсал

Мал Ајакс забележа победа среде Прилеп над Победа

Сподели
Сподели

Есенскиот шампион во Втората футсал лига на Македонија, екипата на Мал Ајакс, со триумф среде Прилеп над Победа го отвори пролетниот дел од сезоната. Штипјани беа подобри со резултат од 2:6.

Стрелци за прилепскиот тим беа Виктор Алексоски и Стефан Спиркоски, додека пак за тимот од Штип хет-трик постигна Иса Дурмишов, двоен стрелец беше Даниел Стојанов, а еден гол постигна Ангел Белчовски.

Со овој натпревар вечерва се комплетираше 10. коло или првата пролетна рунда во Втората футсал лига.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа колото беше отворен во петокот со победата на Балкан над СЕЕ Университи од 7:8. Вчера, Каршиака со 15:2 славеше над Карадаку, Енхалон беше подобар од Кратово со 7:1, Конзули славеше над Партизан Југ со 6:3, ССК загуби од Кораби со 5:9.

Во текот на утрешниот ден ќе имате можност на Спортска Мрежа да ја погледнете анализата на табелата од Втората футсал лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!