Трета лигаФудбал

Третолигашот Питу Гули од Крушево се засили со шест играчи!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Поранешниот второлигаш Питу Гули од Крушево за пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Југ се засили со неколку играчи. Се работи за Фитим Рустеми, Никола Ѓорѓиев, Идризали Сулејманоски, Мартин Николоски, Аделин Демири и Самир Салиу.

Рустеми има 23 години и во Питу Гули доаѓа од редовите на Братство Големо Коњари, 19-годишниот Ѓорѓиев е повратник во редовите на Питу Гули, а доаѓа од редовите на Младост од Кривогаштани, тој дресот на тимот од Крушево го носеше во период од февруари 2020 до септември 2023 година.

Сулејманоски има 24 години и пристигна од редовите на Братство Големо Коњари, има настапувано и за Слога Лажани и Врбјани, Николски има 18 години, доаѓа од редовите на прилепска Победа, а има настапувано и за младинските категории на Македонија ЃП и Брера Струмица. Демири е најмладиот играч меѓу овие нови засилувања, има 17 години, а доаѓа од редовите на Братство Големо Коњари.

20-годишниот Салиу во редовите на Питу Гули од Крушево пристига исто така од редовите на Братство Голем Коњари.

Екипата на Питу Гули есенскиот дел од сезоната го заврши на осмото место со 16 бодови на своето конто, а пролетниот дел од сезоната го отвара против есенскиот шампион Голем Коњари на домашен терен, а тоа ќе биде дерби меч каде тимот на Големо Коњари силно ќе ги посакува трите бодови на патот кон потврда на првото место кое води кон баражот за Втора лига.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!