Турнири

Јанг Тим со генерација 2016 победник на турнир во Струмица!

Сподели
Сподели

Јанг Тим од Струга денес учествуваше на еднодневен турнир во Струмица, кој се играше во СРЦ Рекреативо, каде тимот на Јанг Тим стана шампион со генерација 2016, додека пак со генерација 2014 го освои четвртото место.

Јанг Тим имаше одличен настап на турнирот, а покрај учеството на овој турнир, овие две генерации утре ќе имаат и пријателски натпревари со Брера Струмица.

Во Струмица исто така е и генерацијата 2013 на Јанг Тим, која одигра пријателски натпревар со Хоризонт Турново, а утре ќе одигра уште два пријателски натпревари со Беласица и Брера Струмица.

„15 натпревари, многу победи, многу голови, незаборавни моменто, одлична средина, топло добредојде од организаторите и сите присутни, фантастични деца, одлично искуство. Честитки за малите шампиони, благодарност до родителите за големата поддршка“, велат од Јанг Тим.

Со генерација 2016 екипата на Јанг Тим со 4:0 го декласираше Азури, со 1:0 славеше над Биџо, потоа победа од 3:2 Јанг Тим забележа и над Брера, со Хоризонт Турново ремизираше играјќи 0:0, а пак Јанг Тим со 2:0 беше подобар од Беласица.

Трој Тафа беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Со генерација 2014 екипата на Јанг Тим ремизираше против Брера играјќи 1:1, забележа победа против Биџо од 1:0, реми против Тони од Прилеп, пораз од Форца од 1:3 и пораз од Брегалница од минимални 0:1.

Турнирот е еднодневен на кој учество земаа силни фудбалски школи од цела Македонија, каде покрај Јанг Тим од Струга, учествуваа Биџо од Куманово, Брегалница Кидс од Штип, Брера Струмица, Тони од Куманово и Форца од Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!