Турнири

Брегалница Кидс со генерација 2014 победник на турнир во Струмица

Сподели
Сподели

Денес во СРЦ Рекреативо во Струмица се одржа еднодневен турнир на кој екипата на Брегалница Кидс од Штип со генерација 2014 е победник на турнирот.

На турнир покрај Брегалница Кидс учество земаа А.П. Брера Струмица, Тони Прилеп, Форца од Скопје, Биџо од Куманово и Јанг Тим од Струга.

„За турнирот слободно може да кажеме дека беше најквалитетниот турнир до сега бидејќи на него учествуваа 6 од 10 најдобри екипи во Македонија, односно шампионите од сите 6 региони во државата. Нашата школа убедливо со 5 од 5 победи и максимален број на бодови и со само еден примен гол на целиот турнир го освои првото место. Исто така од нашите редови беше прогласен и најдобар играч на турнирот – Андреј Мишев“, велат од штипскиот клуб.

Се работи за квалитетен и одлично организиран турнир.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!