Втора лигаТрета лигаФудбал

Шкендија Арачиново пресилна на пријателски меч против Победа

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Третолигашот Шкенидја Арачиново одигра пријателски меч против второлигашот Победа, а на кој амбициозниот третолигаш славеше со 3:1. Стрелци за тимот на Шкендија Арачиново беа новото засилување Александар Ѓорѓиески, Христијан Димов и Руфат Чиљафи.

Шкендија Арачиново изгради одличен тим, кој го засили со квалитетни фудблери и во пролетниот дел без проблеми ќе го потврди првото место и со тоа да ја освои шампионската титула во Трета лига – Север, па веќе фокусот е ставен на баражот за Втора лига, што е главна цел на Шкеднија Арачиново, влез во Втората лига.

Од друга страна, пред Победа ќе биде одново бурна пролет, каде некогашниот прволигашот од Прилеп ќе треба да се избори за опстанок во Втората лига, но многу порано со цел да не се повтори ланската сезона, кога Победа остана во Втората лига преку совладување на шампионот на Трета лига – Север, Куманово, во баражот за опстанок во Втората лига со 2:1 на стадионот во Ѓорче.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Илиќ: Публиката во Богданци е нашиот осми играч, против Пелистер 2 очекувам машки натпревар, целта е прва победа

Младост во сабота во салата „Млаз“ во Богданци ќе ја бара првата сезонска победа во шестото коло на Суперлигата против Еурофарм Пелистер 2...

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби на потврда, македонскиот репрезентативец Марио Благојевски останува во шампионот Проект и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!