Трета лигаФудбал

Иве Трифуновски и Христијан Крклински нови играчи на Влазерими од Кичево!

Сподели
Сподели

Ланскиот шампион во Трета лига – Запад, екипата на Влазерими од Кичево, која две години по ред не ги поминува баражите за Втората лига, се засилува со Иве Трифуновски и Христијан Крклински, кои заедно во пакет доаѓаат од второлигашот Новаци.

Се работи за искусни играчи кои ќе треба да помагаат Влазерими најпрво да дојде до шампионското прво место во Трета лига – Запад, а потоа преку баражот да обезбедат враќање во Втората лига.

28-годишниот Крклински има настапувано за Светлост од Кукуречани, Кораби од Дебар, Слога од Виница, Црно Буки, Плачковица, Осогово, Скопје, Пелистер и Кравари.

Трифуновски кој има 34 години, во минатото покрај за Новаци има настапувано и за Пелистер, Брегалница од Штип и Кравари.

Влазерими е на второто место во Трета лига – Запад со четири бодови негатива во однос на есенскиот шампион Тетекс, со тоа што „штофарите“ од Тетево имаат меч повеќе во однос на Влазерими, а првото коло ја носи директната пресметка на овие две екипи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!