Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Атмосферата од тренингот на Воска Спорт на „Грашница“ покрај Охридското Езеро

Сподели
ФОТО: Гани Ајредини, Спортска Мрежа
Сподели

Нашиот дописник Гани Ајредини вчера беше на тренингот на Воска Спорт, кој се реализираше на „Грашница“, а тој ви ја носи и атмосферата од тренингот на охридскиот прволигаш покрај Охридското Езеро.

Клубот работи со полна пареа со цел максимално подготвен да влези во пролетниот дел од сезоната, каде Воска Спорт сака опстанок во фудбалската елита.

Воска во однос на есенскиот дел е во изменет лик во играчкиот кадар, но и во стручниот штаб, од таа причина клубот има интензивни подготовки за да биде максимално воигран за вториот дел од сезоната. Атмосферата на тренингот на Воска Спорт е одлична, расположението кај играчите е големо, имаат одлични услови за работа.

  • ТРЕНИНГОТ НА ВОСКА СПОРТ НА „ГРАШНИЦА“ ПОКРАЈ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО:

Пролетната полусезона Воска Спорт ја отвара на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, а во првото пролетно коло ќе се соочи со Беса од Добри Дол, тоа ќе биде дерби од дното на табелата на двете екипи кои сакаат опстанок во Првата лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!