Турнири

Цоневи Миа со убедлива победа, утре три дерби натпревари ќе ја вжештат атмосферата на турнирот „Благој Истатов“ во Струмица

Сподели
Сподели

Синоќа екипата на Цоневи Миа со 4:0 го декласираше Фенербахче на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Исатов“ во Струмица.

Димов постигна хет-трик, а Трајковски постигна еден гол за победничката екипа која доминираше на теренот. Во однос на двата натпревари во јуниорска конкуренција, во генерација 2013/2014 Метал КА со 1:3 славеше над Струмица, а во генерција 2011/2012 Струмица и Ривали одиграа 3:3 во регуларниот дел, а на пенали Ривали беше подобар со 2:3.

Утре на програмата се мета три дерби пресметки. Од 21 часот Фасада Чајник против Руски Комерц, од 22 часот Фреинтх Оне против Агро Смарт, а од 23 часот Еко Инжинеринг против Токи Еднокуќево.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Ракометарите на Преспа гостуваа кај европскиот великан Вардар, следи поддршка за денешното дерби во Битола

Ракометарите на Преспа од Ресен денеска имаа посебна привилегија да бидат угостени од составот на двократниот европски првак Вардар. Ресенските ракометари го искористија...

ФудбалЧетврта лига

Средба на Манчев и Илиев во Босилово: Поддршка за локалниот фудбал и најави за нови инвестиции во спортот

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, оствари работна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз на Струмица, Илија Илиев – Рома. Разговорот беше...

Поврзани написи
Турнири

Илинден 2007 и Алупласт Јосифово прокнижија победи на “Стојаково 2025”

Голеадата на турнирот во мал фудбал “Стојаково 2025” продолжува. Одново публиката следеше...

Турнири

ФОТО: Електро Петар славеше во меч со 18 гола, триумф за Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

Турнири

ФОТО: Пицерија Дивино со лото победа, Џокер Фурка со убедлива победа на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!