Втора лигаФудбал

Даут Даути ќе биде нов играч на Тетекс!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс | АРХИВА
Сподели

Како што дознаваме ланскиот второлигаш Тетекс, кој е есенски шампион во Трета лига – Запад ќе се засили со младиот Даут Даути, кој доаѓа од редовите на второлигашот Осогово од Кочани.

19-годишникот настапуваше и за Тиквеш, а потекнува од тетовска Шкендија и се очекува да биде одлично засилување, но и освежување во редовите на Тетекс пред пролетните предизвици. Целта на „штофарите“ од Тетово е враќање во Втората лига, а за таа цел поранешниот прволигаш започнува со засилувања на тимот.

Екипата на Тетекс има четири бодови повеќе во однос на второпласираниот Влазерими, тим кој две години по ред е шампион, но не го поминува баражот, но пак актуелниот шампион има и меч помалку во однос на Тетекс, а тоа ветува супер интересна пролетна полусезона во Трета лига – Запад.

Уште поинтересно е тоа што пролетната полусезона ќе биде отворено со супер-дербито меѓу двата директни конкуренти, односно соочување на Тетекс и Влазерими, па тој меч може да биде и клучен околу патникот во баражот за Втора лига.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација со 1:0 ја совлада Кина во пријателски натпревар одигран во Чонгкинг....

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со 0:13 го декласираше третолигашот Крошу Спорт...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!