Втора лигаФудбал

Второлигашот Охрид ги започна подготовките, ќе бидат одиграни пет контролки

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

Екипата на Охрид ги започна зимските подготовките за вториот дел од сезоната на Втората македонска фудбалска лига, откако  денес беше одработен првиот тренинг.

За темпирање на формата Охрид ќе одигра и пет пријателски натпревари, а клубот во пролетниот дел ќе влезе во нешто измет лик. Охриѓани се разделија со неколку играчи кои се „странци“, односно доаѓаат од други градови, меѓу нив и најдобриот стрелец Сашо Дуков, кој постигна шест гола за клубот, а сега шанса ќе добиваат домашните играчи и играчите од младинските погони на клубот.

Охрид катастрофално ја отвори сезоната, а тоа резултираше со оставка на тренерот Никола Илиевски – Џиџи, по што клубот се одлучи за младиот Ромео Кочоски да го води тимот, кој од привремено решение премина во трајно решение, а тоа се потврди со одлична игра и крај на резултатската криза, со што Охрид есенскиот дел го заврши на делба на шесттото место со Каменица Саса со по 24 бодови, а пак пролетниот дел го отвара против лидерот Македонија ЃП.

Пролетната полусезона стартува на 15. февруари со натпреварите од 16 коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!