Втора лигаФудбал

Турбо распоред за второлигашите: Пет натпревари за 15 дена!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Македонските второлигаши имаат два викенди слободни, првиот е поради репрезентативната пауза, а вториот поради настапот на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија.

Ваквата долга пауза прави проблем за формата на второлигаши кои веќе одигруваат по еден до два пријателски натпревари, меѓутоа проблемот настапува потоа со тешкиот и густ распоред.

Прво ќе биде одиграно 5. коло, наместо четвртото, па така натпреварите од петтата рунда ќе се одиграат на 22. септември (недела), додека пак на 25. септември (среда) се играат натпреварите од 4. коло, а пак на 28. септември (сабота) се играат натпреварите од 6. коло. Ова значи три натпревари за седум дена.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВТОРА ЛИГА:

Петто коло: 22. септември – недела
Четврто коло: 25. септември – среда
Шесто коло: 28. септември сабота

Но, уште поголем проблем се прави за одредени екипи на кои им се одложува и Куп натпреварот од првото коло, па така Куп натпреварите кои се одложуваат како Победа – Гостивар, Башкими 1947 – Воска Спорт и Беласица со Македонија ЃП се одлагаат од 18. септември за 2. октомври среда.

Распоредот на Башкими, Беласица, Победа и Македонија ЃП:

22 септември (недела) меч од 5. коло Втора лига
25 септември (среда) меч од 4. коло Втора лига
28 септември (сабота) меч од 6. коло Втора лига
02 октомври (среда) меч од Купот на Македонија
06 октовмри (недела) меч од 7. коло Втора лига
19 октомври (сабота) меч од 8. коло Втора лига

Распоредот за останатите второлигаши на кои не им е одложен Куп натпреварот од првото коло:

18 септември (среда) меч од Купот на Македонија
22 септевмри (недела) меч од 5. коло Втора лига
25 септември (среда) меч од 4. коло Втора лига
28 септември (сабота) меч од 6. коло Втора лига
06 октомври (среда) меч од 7. коло Втора лига
19 октомври (недела) меч од 8. коло Втора лига

Ваквиот тежок и густ распоред на второлигашите повеќе од јасно е дека ќе влијае на формата, а оние кои не се добро кондициски подготвени за овој „маратонски распоред“ ќе имаа посериозни проблеми.

И овој викенд второлигашите ќе го искористат за да одиграат пријателски натпревар со цел одржување на формата.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!