Трета лигаФудбал

Денес стартува Трета лига – Југ: Дерби во Крушево, Влазними Јуниор против Венец, Бучин со Превалец

Сподели
АРХИВА
Сподели

Денес со натпреварите од првото коло ќе започне новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Третата македонска фудбалска лига – Југ со 14 екипи, од кои пет новајлии.

Екипите на Башкими 2008, Обршани, Влазними Јуиор, Венец од Долни Дисан и Дреново 2016 се новитет во Трета лига – Југ за новата сезона, односно овие екипи доаѓаат од Општинските фудбалски лиги.

Превалец, Росоман и Големо Коњари во новата сезона ќе водат борба за првото место кое води во баражот за можен влез во Втората лига. Минатата сезона Превалец заврши втор, Росоман беше трет, а пак Големо Коњари финишираше на четвртото место, иако оваа екипа беше и есенски шампион, но во пролетниот дел Борец стигна до првото место и преку баражот се пласираше во Втората лига.

Во рами на 1. коло Бучин на домашен терен ќе игра против Превалец, Ултрас на домашен терен ќе се соочи со Младост од Кривогаштани, Башкими 2008 на теренот во Чашка ќе се соочи со екс второлигашот Росоман, Марена ќе игра со повратникот Обршани, дерби на двата нови третолигаши Влазними Јуниор на теренот во Мало Коњари, прилепско ќе го пречека тимот на Венец од Долни Дисан, новајлијата Дреново на теренот во Росоман ќе се соочи со Слога, а пак дерби во Крушево на Питу Гули и Големо Коњари.

Сите седум натпревари од првото коло ќе започнат во 15 часот.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!