Младински фудбалФудбал

Нови Таленти од Струмица со учество на три силни Меѓународни турнири

Сподели
Сподели

ФК Нови Таленти од Струмица во следниот период ќе земе учество на три силни Меѓународни турнири, од кои два ќе се одржат во Македонија, а едниот во Анталија, Турција.

Струмичкиот тим ќе учествува на „Илинден Куп“ во Скопје, потоа учество ќе земе на силниот Меѓународен турнир „Еуроспорт Куп“ во Куманово, каде ќе земаат учество екипи како Порто, Рома, Торино, Сарајчево, ЦСКА Софија од Бугарија, хрватски Осјек, Партизан и Црвена Ѕвезда од Србија, Депортиво Ла Коруља и многу други балкански и европски гиганти.

„Еуроспорт Куп 2024“ ќе се одржи во период од 20. до 22. септември за генерации 2012, 20214 и 2016, додека пак во период од 4. до 6. октомври за генерации 2013, 2015 и 2017, а овде Нови Таленти учество ќе земе со генерација 2013 и генерација 2014 односно настапат на двата турнири.

Нови Таленти потоа учество ќе земе и на турнирот во Турција односно „Куп на пријателство“ во Анталија.

Проектот на Нови Таленти е за долги стази, полека но сигурни овој клуб прересна за помалку од една година во клуб за почит и клуб кој каде и да настапи секогаш редовно освоија медали.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Брегалница се засили со искусниот голман Амир Јашар

Прволигашот Брегалница продолжува активно да го комплетира тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а ново засилување во редовите на штипските...

Трета лигаФудбал

Промени во Борец: Марјан Нацев се повлече од претседателската функција, клубот ќе добие ново раководство

Третолигашот Борец од Велес влегува во нова организациска етапа, откако досегашниот претседател и сопственик Марјан Нацев се повлече од функцијата поради здравствени причини....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница се засили со искусниот голман Амир Јашар

Прволигашот Брегалница продолжува активно да го комплетира тимот за новата сезона во...

Трета лигаФудбал

Промени во Борец: Марјан Нацев се повлече од претседателската функција, клубот ќе добие ново раководство

Третолигашот Борец од Велес влегува во нова организациска етапа, откако досегашниот претседател...

Фудбал

ОФС Кичево со ново раководство, Марјан Стојановски е новиот претседател!

По долг период на неизвесност, во Општинскиот фудбалски сојуз Кичево и официјално...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Масевски со гол се врати меѓу „рибарите“ – Охрид подобар од Новаци

Охрид со победа ги отвори пријателските натпревари, откако на „СРЦ Билјанини Извори“...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!