РакометСветско првенство 2025

Данска со 47 гола го среди Алжир, висока победа и за Австрија против Кувајт

Сподели
Сподели

Вечерва Данска и Австрија ја оправдаа фавориската улога и според планот дојдоа до посакуваната цел, а тоа е победа за успешно отварање на Светското првенство.

Во рамки на групата Б екпата на Данска, која воедно е фаворит за освојување на Мундијалот со 47:22 го среди Алжир, без проблеми Данците беа подобри во текот на целиот меч и доминираа на теренот.

Гидсел ги водеше Данците до победа со десет гола, а пак кај Алжир најдобар беше Адби со шест гола.

Австија без проблеми обезбеди победа откако со 37:26 славеше над Кувајт во групата Ц. Дамбок и Фримел имаат по пет гола за Австрија, додека пак кај Кувајт по четири гола постигнаа Ал Давани и Ал Хедаи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!