Втора лигаФудбал

Шиков, Ѓорѓиевски и Јаневски први зимски засилување на Вардар Неготино

Сподели
Сподели

Второлигашот Вардар од Неготино ги претстави првите три зимски засилувања за пролетниот дел од сезоната, во која клубот сака да го потврди опстанокот многу порано и да има мирна завршница.

Станува збор за Глигор Шиков, голманот Кристијан Ѓорѓиевски и Матеј Јаневски кои го облекуваат дресот на Вардар Неготино.

Шиков пристигна од редовите на Детонит Плачковица од Радовиш, се работи за играчи од првата зона односно одбраната. 20-годишникот Шиков потекнува од младинските погони на Тиквеш од Кавадарци, а беше дел и од Победа и велешки Борец.

Голманот Ѓорѓиевски во Неготино доаѓа од Кожуф, а низ својата кариера 21-годишникот има настапувано за Брегалница, како и за неколку екипи од Германија.

19-годишниот Јаневски доаѓа од Еуромилк ГЛ, каде настапуваше изминатата полусезона, а беше дел и од Тетекс, Борец и Работнички од каде потекнува, а има преку 50 настапи за младинските репрезентации У-14, У-16 и У-18.

Тимот на Горан Тодорчев пролетниот дел го отвара дома против Осогово, што ќе биде вистински тест за двете екипи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!