Трета лигаФудбал

Новајлијата Евротип за пролетниот дел се засили со Марцевски, Цфетко, Јовановски

Сподели
Сподели

Новајлијата во Трета лига – Југозапад, екипата на Евротип, за пролетниот дел промовираше три нови засилувања, со кои тимот ќе се обиде сезоната да ја заврши со висок пласман на третолигашката табела.

Битолскиот тим ги промовираше напаѓачот Антонио Марцевски, Петар Цфетко со кој се засилува средниот ред и Иванчо Јовановски кој исто така ја засилува третата зона односно нападот. Тројцата играчи во пакет доаѓаат од третолигашот Кравари.

Марцевски е 19-годишен фудбалер, кој потекнува од школата Форца Спорт од Битола, а има настапувано и во младинските погони на Пелистер. Цфетко, исто така има 19 години и ќе биде освежување во тимот на Евротип.

Јовановски, исто така има 19 години, потекнува од школата на Пелистер, а во Евротип доаѓа од Кравари има настапувано во младинските категории и на битолски Топ Гол како и на Форца Спорт.

ДОБИВАЈ СПОРТСКИ ВЕСТИ НА ВИБЕР

Во Третата лига Југозапад ќе биде доста неизвесно за борбата за првата позиција, која води кон баражот за влез во Втора лига, а таа пролетна борба ќе ја водат лидерот Преспа од Ресен, Кораби од Дебар и Сатеска од Волино. Битолскиот тим презимува на 5. место на табелата со 16 бодови и има учинок од пет победи, едно реми и пет порази. Во првото коло од пролетниот дел Евротип ќе гостува кај екипата на Кравари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!